Роденден мала забава..., дојдов без да ти се најавам..., е тоа го има само во песната на Маријан Стојановски, а на роденденот на Емил Угриновски ни без најава, ни мала забава, ни малку гости, а богами ни обична музика.
Журката во еден познат скопски хотел, со многу познати фаци, бизнисмени, доктори, политичари, камери, блицеви ... Изобилство од разновидни пијалаци и деликатеси, надополнети со музиката на најдобриот бенд од соседството, момците од Тропико бенд, кои без престан пееја повеќе од три часа.

Атмосферата одлична, забавата на ниво. И да годините се само бројка, битен е духот. Па не ни е важно колку свеќички дувна славеникот, туку како се забавуваше.
