Објавен новиот преклопен смартфон на Samsung – Galaxy Flip Z

11.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавен новиот преклопен смартфон на Samsung – Galaxy Flip Z

Иновативен, свитлив стаклен екран, комбиниран со единствено корисничко искуство, за потполно ново доживување на реалноста

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави Galaxy Z Flip нов и свитлив паметен телефон кој ќе го промени начинот на кој ги доживуваме мобилните уреди. Неговиот храбар и модерен дизајн, е како создаден за оние кои сакаат преку технологијата да ги изразат својот стил и оригиналност. Создаден со иновативно, свитливо стакло, Galaxy Z Flip буквално ги преиспитува законите на физиката, имајќи во предвид што неговиот дисплеј од 6.7 инчи се склопува со едно движење во модерен и компактен облик, доволно мал да го собере во дланката на раката. Благодарејќи на скоро невидливата шарка и специјално дизајнираното корисничко искуство, Z Flip им нуди на корисниците нови начини на кои ќе креираат, споделуваат и доживуваат содржини. Од модерниотдизајн до флексибилната камера, Galaxy Z Flip отвора потполно нова декада на иновативни свитливи телефони.

Следејќи ги стапките на Galaxy Fold моделот, кој ги отвори вратите на свитливите телефони, Galaxy Z Flip ги воведува корисниците во потполно нов екосистем на уреди, како доказ на посветеноста и одлучноста на компанијата Samsung секогаш да биде пионер кога се во прашање иновативните технологии и дизајн.

Големата возбуда и заинтересираност на корисниците за Galaxy Fold, ни дадоа ветер во грб и храброст да одиме чекор напред – кон новиот Galaxy Z Flip модел. Сакаме да изградиме од темел категорија на свитливи телефони, нудејќи им на корисниците иновативни облици, нов дисплеј и што е најважно, потполно нов вид на мобилно искуство“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics.

Модата и технологијата во пресрет

Компактниот и модерен дизајн е создаден за оние кои технологијата ја гледаат како начин преку кој можат да го изразат својот стил, а сите новитети со кои се одликува Galaxy Z Flip им го овозможуваат токму тоа.

Мода која што се вклопува во вашиот џеб Дизајниран за да биде практичен и секогаш при рака, Galaxy Z Flip се склопува во големина колку паричник, со цел без проблем да се вклопи во вашиот џеб или ташна. Кога е отворен, големината на неговиот екран скоро се дуплира, откривајќи неверојатен дисплеј од 6.7 инчи. Маската во тренди нијанси, елегантните заоблени агли и затворањето со препознатлив звук, се доволни за Galaxy Z Flip да биде телефон по кој сите се вртат.
Првиот екран на Samsung со свитливо стакло – Galaxy Z Flip содржи Infinity Flex Display создаден од Ultra Thin стакло (UTG), што го прави уште потенок и поелегантен од било кој познат свитлив уред. Центрираната камера на рамниот дисплеј, без отворање и други препреки, им овозможува на корисниците да уживаат во омилените содржини, за првпат со сооднос 21.9:9, кога е во прашање Samsung.
Нова невидлива шарка (Hideaway Hinge) Оваа шарка е вистинско ремек-дело на инжинерствто. Благодарејќи на двојниот CAM механизам, секое отворање и затворање ќе биде безбедно и лесно. Исто така, Hideaway Hinge системот подразбира и нова Samsung технологија на чистење, користејќи иновативни најлонски влакна кои го чуваат телефонот од нечистотии и прашина.

Ново свитливо искуство

Galaxy Z Flip е изграден за модерниот животен стил и за луѓето кои се постојано во движење. Овој  телефон нуди многу повеќе, од повеќе агли, без употреба на рацете – единствено искуство кое не може да се мери со било кој свитлив уред што е достапен на пазарот.  

Повеќе и подобропотполно handsfreeКога Galaxy Z Flip е отворен, може да се користи под различни агли, токму како лаптоп, нудејќи можност за правење селфи фотографии кои фаќаат многу поширока слика, со искусување на несекојдневни видео разговори со Google Duo и сето тоа без употреба на рацете.
Flex mode – Samsung и Google соработуваа заедно со цел да го дизајнираат Flex mode корисничко искуство направено по мерка на единствениот систем на предно склопување на овој модел. Кога е отклопен, дисплејот на уредот автоматски се дели на два екрани со големина од 4 инчи, со цел овозможување прегледување на фотографии или видео содржини на горната половина и нивно управување на долната. Со користење на YouTubeникогаш не било полесно, со истовремено гледање на содржини и пребарување на други видео снимки, да се читаат описи и да се пишуваат коментари.
Камера која ги менува правилата – Galaxy Z Flip буквално може да стои самостојно, овозможувајќи снимање и фотографирање во движење – од групни фотографии со тајмер, до живописни ноќни снимки и тоа без употреба на блиц. Креирањето на содржини за друштвените мрежи значително е олеснето, благодарение на снимање на видео записи во размер од 16:9, од различни агли, без употреба на раце или статив. Доволно е само да се отвори телефонот и да се стави истиот на рамна површина.
Нотификации по сечија желба Без разлика дали Galaxy Z Flip е затворен или отворен, ниту една порака, повик или потсетник нема да помине незабележано. Со само еден поглед на cover дисплејот, можете да го проверите датумот, времето, статусот на батеријата, или пак да одговорите на повик и да ги прегледате пораките, дури и тогаш кога телефонот е заклопен.
Мултиактивен прозорец Веќе не е невозможно да се прават неколку работи истовремено и тоа благодарејќи на опцијата Multi-Window Tray едноставно означете ја апликацијата која сакате да ја користите и уживајте во најмодерниот мултитаскинг досега.

Galaxy наследство и екосистем

Со обзир на тоа што припаѓа на семејството на Galaxy уреди, Z Flip ги нуди сите поволности на овој екосистем, но во потполно нов облик. Одликувајќи се со добро познатите, врвни перформанси и можности, кои се однесуваат на камерата, дисплејот, батеријата, сигурноста, како и услугите Samsung Health, Samsung Pay, Samsung Knox и многу други.

Galaxy Z Flip на корисниците им нуди прилика да уживаат во разни опции на камерата, како снимање на видео записи во 4K формат, Live Focus функции и суперстабилност. Овој паметен телефон го карактеризира оптимизираниот систем со двојна батерија која овозможува повеќе енергија, без завземање на дополнителен простор. Со безжично брзо полнење, полнење со помош на кабел, или специјалната опција Wireless PowerShare, можно е безжично да се наполнат Galaxy Buds слушалките, Galaxy Watch, па дури и телефонот на вашиот пријател.

Покрај тоа, безбедносниот систем Samsung Knox ги штити корисниците и нивните уреди, примајќи месечни и квартални извештаи за безбедноста. Исто така, на корисниците им се на располагање и услугите кои овозможуваат сигурни опции за плаќање со Samsung Pay, како и следење на здравјето и физичките активности со Samsung Health, како и пристап до над 5.000 Samsung и партнерски паметни производи како SmartThings апликацијата.

Достапност

Galaxy Z Flip од 14ти февруари 2020 година, за почеток ќе биде достапен во 12 земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави и Кореја и тоа во боите Mirror Purple и Mirror Black. Потоа, Galaxy Z Flip ќе биде дополнително претставен и во Mirror Gold нијанса, во одбрани земји. За повеќе информации, посетете ја news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com илиhttps://www.samsung.com/galaxy.

Galaxy Z Flip Спецификации

Дисплеј

Главен дисплеј

6.7 инчен FHD+ Dynamic AMOLED Дисплеј (21.9:9) Infinity Flex Дисплеј

2636 x 1080

425ppi

*Големината на екранот се мери дијагонално, како полн правоаголник, без пресметување на заоблените агли. Реалната видлива површина е помала, земајќи ги во предвид заоблените агли и отворот за камерата.

Cover дисплеј

1.1“ Super AMOLED Дисплеј

300 x 112

303ppi

*Големината на екранот се мери дијагонално, како полн правоаголник, без пресметување на заоблените агли. Реалната видлива површина е помала, земајќи ги во предвид заоблените агли и отворот за камерата.

Димензии & тежина

Склопен

73.6 x 87.4 x 17.3mm (Шарка) – 15.4mm (Преклоп)

Отворен

73.6 x 167.3 x 7.2mm – 6.9mm (Екран)

*Дебелината на Galaxy Z Flip телефонот кога е отклопен и отворен не ја вклучува рамката на главниот дисплеј.

Тежина

183 g

Камера

Предна

10MP Селфи камера: F2.4

Големина на пиксели: 1.22μm

FOV: 80˚

Задна двојна

12MP Ултра-широка камера: F2.2

Големина на пиксели: 1.12μm

FOV: 123˚

12MP Wide-angle камера: Super Speed Dual Pixel AF, OIS, F1.8

Големина на пиксели: 1.4μm

FOV: 78˚

OIS на задната Wide-angle камера (оптичка стабилизација на сликата)

Дигитален зум до 8X

HDR10+ снимање

Auto-фокусно пратење (Tracking AF)

AP

7 64-bit Octa-Core процесор

2.95 (максимална брзина на часовникот) + 2.41 + 1.78

Меморија

8GB RAM со 256GB интерна меморија

*Вистинската реална меморија може да зависи од однапред инсталираниот софтвер.

Батерија

3,300 mAh (типична) двојна батерија

* Типичната вредност е тестирана во лабараториски услови од трети лица и претставува проценета просечна вредност, земајќи ги во предвид девијациите на капацитетот меѓу примероците на батериите тестирани по IEC 61960 стандардот. Оценетиот (минимален) капацитет изнесува 3200mAh. Реалната вистинска издржливост на батеријата може да варира во зависност од јачината на мрежата, начини на употреба и други фактори.

Полнење

Брзо полнење со помош на кабел или безжично поврзување

Wireless PowerShare

* Полнење преку кабел е компатибилно со QC2.0 и AFC, а безжично полнење соWPC

* Wireless PowerShare функцијата е ограничена на Samsung паметните телефони или уреди од други брендови кои ја поседуваат опцијата WPC Qi безжично полнење, вклучувајќи ги Galaxy S20, Galaxy S20+, Galaxy S20 Ultra, Galaxy Z Flip, Galaxy Note10, Note10+,Galaxy S10e, S10, S10+, S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE, Note5, и носечките уреди како Galaxy Watch Active, Galaxy Watch, Galaxy Watch Active2, Galaxy Buds+ и Galaxy Buds. Може да се случи да не функционираат при користење на одредени додатоци и заштитни маски, кај уреди од други брендови или носечки уреди на Samsung. Може да влијае на приемот на повици или сервисот на податоци, во зависност од јачината на мрежата.

OS

Android 10

Мрежа

Подобрена 2X2 MIMO, 5CA,

LTE Cat.16 download до 1.0Gbps

LTE Cat.13 download до 150Mbps

Download до 1.0Gbps / Upload до 150Mbps

* Реалната брзина може да варира во зависност од земјата, мобилниот оператор и корисничкото опкружување.

Поврзување

Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac (2.4/5GHz),VHT80 MU-MIMO,256QAM

Bluetooth® v 5.0 (LE до 2Mbps), ANT+, USB Type-C, NFC, Локација (GPS, Galileo, Glonass, BeiDou)

* Galileo и BeiDou покриеноста може да биде ограничена. BeiDou можно е да биде недостапен во одредени земји.

SIM картичка

Една eSIM и една Nano SIM

* SIM картицата се продава одвоено. Достапноста може да варира во зависност од земјата и мобилниот оператор.

* eSIM бара безжичен план на услуги и овозможува активација на планот на мобилната мрежа без користење на nano SIM картица. eSIM достапноста може да варира во зависност од земјата и мобилниот оператор. Проверете со вашиот оператор дали вашиот план на мобилни услуги поддржува eSIM.

Плаќање

Samsung Pay (Link)

Кредитни и дебитни картички: подржува MST или/и NFC, припејд картички, глобални дознаки, транзит, членства, подарок-картички, награди.

* Достапно само во одредени земји. Функциите можат да варираат зависно од земјата или сервисните оператори.

Сензори

Капацитивниот сензор за отпечаток на прст (страничен), Акцелерометар, Барометар, Жироскоп, Геомагнетен сензор, Холов сензор (дигитален, аналоген), Сензор за близина, RGB, Светлосен сензор  

Автентикација

Опции за заклучување: геометриски шаблон, PIN, лозинка

Биометриско заклучување: Сензор за отпечаток на прст, Препознавање на лице

* Функцијата за препознавање на лице е достапна само на предната камера, кога телефонот е отклопен/отворен.

Аудио

Mono звучник

Опкружувачки звук (surround sound) за Bluetooth и слушалки со Dolby Atmos технологија (Dolby Digital, Dolby Digital Plus вклучени)

UHQ 32-bit &DSD64/128 поддршка

PCM: До 32 bits, DSD*: DSD64/128

Аудио плејбек формат: MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF

Bluetooth

Dual Audio: можност за поврзување на два Bluetooth уреди со Galaxy Z Flip телефонот за звук кој доаѓа од два уреди истовремено.

Скалабилен кодек: Подобрена Bluetooth конекција во случај на пречки предизвикани од радио бранови.

Снимање

Квалитетот на снимката е подобрен благодарение на High AOP микрофонот кој ја смалува дисторзијата во бучни опкружувања.

* DSD64 и DSD128 playbacks можат да бидат ограничени во зависност од форматот на датотеката.

* Два поврзани уреди можат да покажат незначителна разлика во квалитетот на звукот.

* Достапно само за одредени Samsung и AKG додатоци.

* AOP: Точка на акустично оптеретување

Видео

Видео плејбек формат

MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM

Поврзување со ТВ

Wireless: Smart View (пресликување на екранот 1080p на 30fps)

Безбедност

Knox платформа: надгледување и заштита во реално време.

Заштита од вируси и злонамерни софтвери. (McAfee)

Безбеден фолдер: сигурен простор на уредот за изолација и заштита на содржината, како што се апликациите, фотографиите, филмовите и приватните документи.

*Операторите за заштита од вируси и злонамерни софтвери можат да се разликуваат од земја до земја.

Во кутијата

Galaxy Z Flip, кабел, адаптер за патување, Игла (Pin) за SIM картичка, USB конектор (OTG), Упатство за користење, Проѕирна футрола, Слушалки (USB Type-C) со AKG звук.

* Вистинските компоненти, вклучувајќи ја футролата, можно е да не се достапни во зависност од купениот модел или земја (регион). Пакувањето и бојата на футролата можат да се разликуваат зависно од бојата на уредот.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата