Samsung официјално ги претстави Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra (ВИДЕО)
11.02.2020
Galaxy S20 серијата е прва5Gлинијана водечки паметни телефони на компанијата Samsung и истата носи 5G можности и технологија на камерата на база на вештачка интелигенција креирана за иднината на комуникацијата
Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy S20, нова серија на водечки уреди коиќе го променатначинот на кој што го восприемаме и доживуваме светот. Galaxy S20 доаѓа со потполно нов дизајн на камера, комбинирајќи вештачка интелигенција со најголемиот Samsung сензор досега за фотографии со совршен квалитет. Покрај камерата, Galaxy S20 прави сè што вообичаено правиме со помош на своите паметни телефони да функционира уште подобро и полесно. Така се овозможени слушање на персонализирани музички плејлисти, гледање на видео снимки во соодветниот формат и играње видео игри во движење.
„Како што влегуваме во новатадеценија, 5G технологијата комплетно ќе го промени начинот на кој што комуницираме и како го доживуваме светот околу нас“, рече Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics.„Како што сите три модели на новата серија, Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra, доаѓаат со поддршка за 5G мрежа, Samsung на своите корисници им овозможува уреди од следната генерација коишто ќе го трансформираат животот на луѓето. Со неверојатната камера на база на вештачка интелигенција, корисниците ќе можат веродостојно да ги доловуваат своите доживувања и да се поврзат уште полесно со своите сакани.“
Промена на начинот на кој што го снимаме светот околу себе
Денес повеќе од било кога порано го снимаме нашето секојдневие и ги бележиме моментите со помош на паметните телефони – и затоа камерата претставува најважен елемент за корисниците кога купуваат нов паметен телефон. Дизајниран да одговори на сите наши барања, Galaxy S20 претставува сосема нов систем на камера на база на вештачка интелигенција, со најголем сензор досега, за да го извлече најдоброто од секоја фотографија и од секој момент.
• Толку јасни детали што го одземаат здивот: Со поголемиот сензор на Galaxy S20 серијата, резолуцијата на камерата е значајно зголемена, што резултира со повеќе детали и дополнителна флексибилност за уредување, сечење и зумирање на снимките. S20 и S20+ доаѓаат со камера од 64MP, додека S20 Ultra има камера од 108MP. Уште една предност на поголемиот сензор е што користи повеќе светлина, така што се добива подобар квалитет на сликата, дури и во ситуации со слабо осветлување. Galaxy S20 Ultra оди чекор понатаму со опцијата на динамично префрлување со резолуциоја од 108MP на резолуција од 12MP, благодарение на non-binning технологијата која ги комбинира деветте пиксели во еден, со посредство на сензорот.
• Досега невидени можности за зумирање: Со Galaxy S20 Space Zoom технологијата која што користи комбинација на опциите Hybrid Optic Zoom и Super Resolution Zoom, вклучувајќи дигитален зум на база на вештачка интелигенција, корисникот може да го зголеми објектот, дури и кога е оддалечен. Сликата е можно да се зголеми и до 30 пати на Galaxy S20 и S20+, додека на S20 Ultra може да се префрли и на револуционерните свитливи леќи, кои што користат процесирање на сликите со помош на вештачка интелигенција, со цел да не дојде до опаѓање на квалитетот на сликата при висок степен на зумирање, за корисниците да можат да го искусат Super Resolution Zoom до 100 пати, со уште појасен приказ од било кога порано.
• Single Take – Снимка од еден обид: Single Take ви овозможува да се фокусирате на моментот што сакате да го доловите. Galaxy S20 може да снима во различни режими на работа и да му помага на корисникот да направи најдобра снимка со помош на вештачка интелигенција и функција, како што се live focus, cropped, ultra-wide и други.
• Професионалниможности за снимање: Galaxy S20 поседува можност за снимање во 8K резолуција, со цел корисниците да можат да прават реалистични снимки. Кога ќе заврши снимањето, корисниците можат да го погледнат своето видео на Samsung QLED 8K телевизорот и да уживаат во најдоброто искуство на гледање содржини во класата или можат да издвојат кадар од 8K видеото и да го претворат во фотографија со висока резолуција. Дури и снимките направени во нестабилни услови изгледаат како да се настанати со помош на професионална акциона камера, благодарејќи на Super Steady функцијата, anti-rolling стабилизацијата и анализата на движењата од страна на вештачката интелигенција.
Правете го она кое што го сакате, но подобро
GalaxyS20 овозможува да сето она што го правиме со нашите телефони да биде што поедноставно и подобро. Со новите можности и партнерства инспирирани од отворената соработка, Galaxy S20 е креиран за потребите на денешните корисници.
• Исклучителен Video Chat преку Google Duo:Со оваа опција, можно е да се користи video chat-от уште полесно. Galaxy S20 го подобрува video chat искуството низ ексклузивна, длабока интеграција со Google Duo, носејќи го за прв пат на Galaxy S20. Сега е можно само со еден допир на бројчаникот да се направи Duo видео повик и да се ужива, за прв пат во full HD квалитет. Google Duo е компатибилен со различните оперативни системи, така што изборот со кого ќе комуницирате не е ограничен. Сега можете да го вклопите целото семејство во кадар, со помош на широките леќи и да разговарате со 8 пријатели истовремено.
• YouTube: Samsung склопи партнерство со YouTube, за да можат корисниците да ги споделуваат своите 8K видеа со остатокот од светот и да ги закачуваат на оваа платформа.
• Забава: Користејќи ги предностите на новата камера од професионален ранг, Netflix и Samsung склопија партнерство за да можат познати режисери да снимаат ексклузивни бонус снимки засновани на популарните Netflix Originals содржини. Корисниците исто така можат да пребаруваат низ Netflix содржините по пат на подобра интеграција со Galaxy уредите, овозможувајќи им лесно да пребаруваат преку Samsung Daily, Bixby и Finder апликациите.
• Gaming: Galaxy S20дополнително ќе го унапреди искуството за мобилен gaming. Со екран од 120Hz на корисниците им е овозможено неверојатно и непрекинато играчко искуство. Подоцна оваа пролет Microsoft, партнер на компанијата Samsung,ќе го лансира својот популарен Forza Street во рамките на Galaxy Store, што ќе биде прв пат оваа игра да дојде и на мобилни телефони. Во комбинација со брзиот процесор, 12 GB RAM меморија, звукот кој што го создава AKG и game booster системот кој е задолжен за оптимизација на подесувањата и врвниот перформанс, Galaxy S20 Ultra ќе овозможи моќно играчко искуство.
Неограничени можности
Како најнов водечки уред на компанијата Samsung, Galaxy S20 користи премиум технологија која што љубителите на Galaxy уредите ја очекуваат. Најбезбедниот уред кој Samsung некогаш го направил, Galaxy S20 е заштитен со Knox систем – водечка платформа за безбедност на мобилни уреди, која го штити телефонот од ниво на чип сè до софтверско ниво. Galaxy S20 има и нов безбеден процесор, под името Guardian Chip, кој штити од напади на база на хардвер.
Интелигентната и голема батерија на новиот телефон доаѓа со брзо полнење од 25W, додека Ultra моделот доаѓа и со супер брз полнач од дури 45W. Целокупната S20 серија доаѓа со масивен стандарден простор за складирање на содржини (128GB за S20; 128GB, и 512GB за Galaxy S20+ и S20 Ultra).
Со Galaxy S20 корисниците можат да го искусат и наједноставниот, најинтуитивниот Samsung интерфејс One UI 2. Исто така, со користењето на моделот од оваа серија ќе може да се управува со своите паметни домови преку SmartThings, да се реализираат своите здравствени и wellness цели со Samsung Health, или да плаќаат преку Samsung Pay.
GALAXY BUDS+
Дополнително, со Samsung Galaxy Buds+, омилената музика и подкаст содржините ќе бидат подостапни од било кога досега. Дизајнирани од страна на AKG, Buds+ имаат двосмерни динамични звучници, три микрофони за звук и глас без конкуренција, како и исклучително долготрајна батерија од 11 часови, со дополнителни 11 часови во куќиштето.Buds+ апликацијата, според името на Galaxy Buds+ сега е и iOS компатибилна, така што е можно да се ужива во одличното аудио искуство без оглед на тоа кој уред го користите.
Достапност на моделите од серијата Galaxy S20 и пред-нарачување
Од 13ти март, 2020 година моделите од Galaxy S20 серијата ќе бидат достапни по цени од 53.999 денари за S20, 59.999 денари за S20+ и 80.999 денари за S20 Ultra. На домашниот пазар моделите ќе бидат достапни во различни, класични бои.
*Infinity-O Дисплеј: скоро без-рабови, рамен екран.
*Мерен дијагонално, големината на екранот на Galaxy S20е6.2″, а 6,1’’ земајќи ги во предвид заоблените агли; големината на екранот на Galaxy S20+ е 6.7″, а 6.5″ земајќи ги во предвид заоблените агли; големината на екранот на Galaxy S20 Ultra е 6.9″, а 6.7″ земајќи ги во предвид заоблените агли; површината за прикажување на содржини е помала поради заоблените агли и отворот за камерата. *Стандардното освежување на екранот изнесува 60Hz. Барапоставување за екранот во 120Hz.
5G 12GB RAM (LPDDR5) со128GB внатрешна меморија LTE 8GB RAM (LPDDR5) со128GB внатрешна меморија
5G 12GB RAM (LPDDR5) со512GB внатрешна меморија
12GB RAM (LPDDR5) со128GB внатрешна меморија LTE 8GB RAM (LPDDR5) со128GB внатрешна меморија
5G/LTE 16GB RAM (LPDDR5) со512GB внатрешна меморија
12GB RAM (LPDDR5) со128GB внатрешна меморија
*Може да варира во зависност од моделот, боите, пазарот и операторот.
*Просторот за меморија може да варира зависно од претходно инсталираниот софтвер.
Дополнителна меморија & SIM картичка
Dual SIM модели (Hybrid SIM слот): една Nano SIM и уште една Nano SIM или еденMicroSD слот (до 1TB) *SIM картичката се продава одвоено.Достапноста на Dual SIM може да варира зависно од земјата и операторот. *MicroSD картичката се продава одвоено.Достапноста може да варира зависно од земјата и производителот. *eSIM е поддржана на Galaxy S20, S20+ иS20 Ultra моделите. eSIM бара безжична услуга и ви дозволува активација на мобилната мрежабез употреба на nano-SIM. eSIM достапноста може да варира зависно од земјата и мобилниот оператор. Проверете со својот оператор дали вашиот план за мобилни услуги поддржува eSIM.
Батерија
4000mAh (типична)
4500mAh (типична)
5000mAh (типична)
*Типичните вредностисе тестирани во лабараториски услови од трети лица и претставуваат оценета просечна вредност, земајќи ги во превид капацитетите од примероците на батериите тестирани под IEC 61960 стандардот. Оценетиот(минимален) капацитет на батеријата е 3880mAh за Galaxy S20, 4370mAh за Galaxy S20+. и 4855mAh за Galaxy S20 Ultra. Реалната издржливост на батеријата може да варира зависно од јачината на мрежата, корисничката шема и други фактори.
Полнење
Подобрена брзина на безжичното полнење со Fast Wireless Charging 2.0 Fast Charging опцијата е компатибилна и за жично и безжичнополнење *Жичното полнење е компатибилно со QC2.0 и AFC *Безжичното полнење е компатибилносо WPCWireless PowerShare *Fast Wireless Charging 2.0 моментално е достапно со Wireless Charger Stand, Wireless Charger Duo Pad, и други уреди кои поддржуваат 10W илиповеќе безжично полнење. Се продава одвоено. Брзината на полнење може да варира зависно од начинот на користење на уредот, условите за полнењеи други фактори. Безжичниот полначбара приклучок за напојување. Се препорачува користење на фабричкиот кабел, затоа што другите адаптери од други производители можат да нанесат штета на Wireless Charger Stand и на Wireless Charger Duo Pad уредите или да ја намалат брзината на полнење.
OS (оперативен систем)
Android 10
Мрежа & Поврзување
LTE Подобрен 4×4 MIMO, до 7CA, LAA, LTE Cat.20 До 2.0Gbps Download / До200Mbps Upload Wi-Fi Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac/ax 2.4G+5GHz, HE80, MIMO, 1024-QAM До 1.2Gbps Download / До 1.2Gbps Upload Bluetooth Bluetooth® v 5.0 , ANT+, USB type-C, NFC, локација (GPS, Galileo, Glonass, BeiDou)
*Брзината може да варира зависно од земјата, операторот и корисничкото опкружување. *Бара оптимална 5G конекција. Брзината може да варира зависно од земјата, операторот и корисничкото опкружување. *Galileo и BeiDou покриеноста може да варира. BeiDou можно е да не е достапен во одредени земји.
Плаќање
NFC, MST * Може да варира според пазарот, мобилниот оператор и други подизведувачи.
Сензори
Ултра-сониченсензор за отпечаток на прсти, Акцелерометар, Барометар, Gyro–сензор, Геомагнетски сензор, Hall сензор, Proximity сензор за близина, RGB Светлосенсензор,
Автентикација
Вид на заклучување: шема, PIN, лозинка Биометриски тип на заклучување: Сензор за отпечаток на прсти, Face recognition(препознавање на лице)
Звук
AKG стерео звучници и слушаки Surround звук со Dolby Atmos технологија (вклучувајќи Dolby Digital, Dolby Digital Plus) *Слушалки: Hybrid canal, двосмернадинамична единица Аудио playback формати MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF