Николоски: Заев се подготвува ДА ЈА ДАДЕ ВЛАСТА, НО ДА НЕ ОДГОВАРА ЗА КРИМИНАЛОТ што го стори

11.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Заев се подготвува ДА ЈА ДАДЕ ВЛАСТА, НО ДА НЕ ОДГОВАРА ЗА КРИМИНАЛОТ што го стори

- Јас го читам членот 110 и тој може да има едно толкување. Ако пишува дека сите прислушувани материјали можат да бидат индиција, а не да се користат како доказ, тоагш треба тоа така да биде, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа.

- Материјалите за Рекет 1, не се добиени со посебни истаржни мерки и тоа го знаат сите. Оној кој бил предмет на Рекет се плашел и снимал сам, и може да се стават материјалите во делот нелегално стекнати. Ако помине овој закон кој Заев го нарекува „реформски“ во тој случај Заев прави амнестија за себе и за своите најблиски. Брзањето со овој закон да се донесе во февруари, а да се применува во јуни е да има амнестија. Заев знае дека ќе загуби на изборите и затоа го прави тоа со законот за јавно обвнителство. И после тоа ќе има одговорност и затоа е сето ова, затоа брза, потенцираше Николоски.

Според него освен ова има и друг момент со кој Заев сака да се осигура дека нема да биде гонет. 

- Вториот момент е што со законот се прават такви услови да е невозможно да го смените јавниот обвинител колку лошо и да работи. Тука Заев става уште една гаранција, да не можат да се користат материјалите кои сите ги видоа сите, и плус да има обвинител кој нема да го гони него и неговите, рече Николоски.
Заев, посочи Николоски, се подготвува да отстапи од власт, но да не одговара за криминалот што го стори.

- И ова не се однесува само на Заев, туку за сите што сториле криминал. Неказнивост нема да има, речи Николоски. 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека во судството има предмети „на пријателите на Заев, и на „останатите“.

- На пријателите на Заев се заборава да им се закаже рочиште, а на останатите им се закажуваат секој ден по 12 часа. Ова покажува дека Зоран Заев има целосна контрола врз судството и обвинитеството, вели Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата