Во врска со информациите кои се појавија во медиумите за поднесена кривична пријава против Лила Стојановска, сакаме да ве информираме дека од истите, нејасно е врз основа на што се заснова кривичната пријава и врз основа на што се смета дека Лила Стојановска го сторила кривичното дело за кое се товари, реагира попладнево Адвокатско друштво Пепељугоски.

– Согласно позитивните законски прописи, Аконтација на данокот на доход ја пресметува исплатувачот за секој обврзник и за секој поединечно исплатен приход. Исплатувачот е должен при секоја исплата, на обврзникот, да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и платените придонеси. Оттука обврска за пресметка и исплата на персонален данок е на правното лице кое извршило исплата, односно ДАН МАК. Уште повеќе, факт е дека Лила Стојановска примените средства ВО ЦЕЛОСТ ги има вратено на исплатувачот пред крајниот рок за доставување на годишна даночна пријава, со што, согласно воспоставената пракса во Македонија се смета дека истата не остварила приходи. На крај само сакаме да посочиме дека зачудува фактот што е поднесена кривична пријава без да се овозможи на Лила Стојаноска да даде исказ или приложи докази со што се повредуваат нејзините права, велат за Либертас од адвокатското друштво Пепељугоски.

 

Најчитани вести