Со помош на еден од главните дојавувачи на Twitter, Ishan Agarwal, дознавме дека новите OnePlus 8 и 8 Pro ќе пристигнат претходно од очекуваното. Тоа би требало да се случи веќе во март или април.

Овој твитераш, исто така, наведува дела овие телефони би можеле да пристигнат и во зелена боја. Она што секако е значајно е дека нема да мораме да чекаме до мај, што беше последната информација.

Претходните гласини говореа за лансирање, кое би требало да се случи во февруари, меѓутоа подоцна е кажано дека тоа е поместено поради епидемијата на коронавирус во Кина. Она што засега е познато за уредот е дека ќе има супер мазен punch-hole дисплеј со освежување од 120Hz, Snapdragon 865 и безжично полнење.

извор: USB.mk

Најчитани вести