ZTE пред Samsung ќе објави смартфон со Snapdragon 865 процесор

10.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ZTE пред Samsung ќе објави смартфон со Snapdragon 865 процесор

Кинескиот ZTE ќе го објави новиот телефон Axon 10s, прв со најмоќниот Snapdragon досега, со ознака 865. Axon 10s има голем екран, мал засек и е прв уред со LPDDR5 RAM. Меѓутоа, се уште нема датум на достапност во продавниците. Ова се неговите спецификации:

Со оглед на тоа дека во себе има Snapdragon 865, тоа исто така значи дека поседува и 5G модем во себе. Батеријата од 4,000 mAh со Quick Charge 4+ поддршка би требало да ви помогне да можете во целост да уживате во 5G сигналот и неговите благодети. Со овој уред доаѓаат и стерео звучници, но нема влеза слушалки, што повеќе не претставува изненадување. Како што се гледа на горната табела, ќе работи на Android 10 и на MiFavor 10 скин. Ќе има сензор за отпечатоци од прсти во екранот, но не и secure face unlock за Android 10.

ZTE прв го најави уредот со Snapdragon 865, но тоа не значи дека прв ќе го претстаи на пазарот.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата