ДУКОСКИ: ДАЛИ БОКИ ТРЕБА ДА УМРЕ за да запре постапката против него?

10.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДУКОСКИ: ДАЛИ БОКИ ТРЕБА ДА УМРЕ за да запре постапката против него?

 Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски вели дека тој е во лоша здравствена состојба и оти не е во состојба да ја подготвува својата одбрана. Тој прашува дали Боки треба да умре за да запре постапката против него.

Јас секој ден го потсетувам во затворот и тој повраќа крв. Каква медицинска постапка треба да се достави за да запре оваа постапка која е надвор од сите стандарди. Неговата состојба не се решава со таблети туку со операција. Не знам каков конзилиум и кои лекари ќе го прегледуваат-рече Дукоски.

Денешното рочиште за случајот „Рекет“ се одложи поради лошата здравствена состојба на обвинетиот Бојан Јовановски. Тој цело утро бил прегледуван од затворските доктори.

Судијката Васка Николовска-Масевска добила известување од затворот дека тој има болки во абдоменот и е омалаксан. Поради тоа, лекарот кој го прегледувал дал мислење дека тој не може да го следи денешното судење.

Судијката соопшти дека ќе побара и конзилиарно мислење за неговата здравствена состојба за следните рочишта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата