Понеделнички

Батали муабети, не чекаат сериозни промени

9.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Батали муабети, не чекаат сериозни промени

Разбирам што пола Скопје се занимава со шопинг анализите на Боки 13, сеири и споредува денови кога ги земал парите и кога потоа, и со кого, заминал во Милано да потроши 150.000 евра по бутици... Интересно е за бајлак муабети. Но, Боки не правел ништо поразлично од врвот на сегашната власт од каде го купил занаетот. Погледнете ги само автомобилите на Заев, Фамилијата и економскиот совет на СДСМ, местата каде одат на одмор во хотели каде што соба на ден се плаќа и до 2.000 евра. Дневно, плус кафани, бутици и се што следи.

Тоа привршува, крајот се гледа на никогаш досега видената корупција во која учествува врв на власт, врв на судови и судски совет, врв на обвинителство... А, кога тие се здружиле во корупција кој може да ја штити државата и законот од криминалот?!

Има кој може. Ти можеш.

После се, сите тие милионери од политичари, судии, обвинители, естрадни кловнови, олигарсите со рацете до раменици збрцани во државните пари зависат од тебе. Од твојот глас на избори. Како се ближат изборите душата им искача на нос, се послабо спијат а се повеќе пијат, рачунаат како да го сочуваат она што го грабнале бидејќи времињата се менуваат, и ќе им биде се потешко. Се плашат од тебе и од твојот глас во кутијата, многу повеќе од што можеш да замислиш.

Време е за промени. Има ли причина човек да се надева дека промените ќе се случат, и дека може да биде и подобро. Има. За почеток, има опозиција која веќе докажала дека знае да решава твои проблеми. За среќа, оваа опозиција нема бланко, безгранична поддршка од дипломатите да спроведува потребни проекти па да им се замижува додека крадат, ограбуваат, соработуваат со ординарни криминалци сликајќи се со нив по селфија. Оваа опозиција го нема тој комодитет и тие привилегии кои, по правило, отвараат врата на крупен криминал кога знаеш дека имаш дипломатска заштита. Оваа опозиција на власт ќе мора да се докажува.

Конечно, јавноста го виде планот за промени и што конкретно може да очекува од опозицијата и Мицкоски. Она што мене најмногу ме бендисува се правна држава и намалување на даноците за сите, плус специјален пакет за млади луѓе.

Може ли да се верува дека ВМРО ќе го спроведе тоа? Праксата покажува дека секоја промена, реформа во економијата, пад на невработеност и раст на плати и пензии, носење странски инвестиции и помали даноци секогаш, без исклучок од 1991 до сега, се случила кога ВМРО ДПМНЕ биле на власт. Од фискалните сметки и равниот данок од 10% на Груевски уште како министер, па се до падот на невработеност од 37 на 20% што е резултат на последната влада на ВМРО.

Дали сум во право можеш и лично да провериш. Погледни околу себе, сите булевари во Скопје после осамостојувањето се изградени во мандат на ВМРО ДПМНЕ, како и автопатиштата кои се нивни проекти. И автобусите се од тие мандати. Секоја економска зона со странски инвеститори е од нивниот мандат. Нов театар, стадион, болница... околу тебе, во чие владеење се изградени? Владата на СДСМ под Бучковски ја држеше Македонија на просечна плата од 17.000 денари, Груевски замина со просечна плата во државава од 23.000 денари. Владата на Заев за цел мандат има покачување на платите од 1.900 денари. СДСМ имаше 7 милиони евра за земјоделски субвенции, за потоа ВМРО да ги качи на 170 милиони евра. Пензиите ги зголемија за повеќе од дупло, а стипендии воведоа за сите, особено за најдобрите кои се спремни за студии во странство.

Значи, видовме и гледаме дека промените се можни. Промените сега и официјално се најавија. За почеток, во првиот пакет, Мицкоски го даде на понуда најважното: да има стабилна економија, работа, безбедна правна држава и странски инвестиции. То е базата за се потоа, и за новите пакети што следат.

Те чека намалување на равниот данок на само 8%. Плата која се зголемува за 20, и пензија за 25%. За еден мандат од четири години следат четири милијарди долари странски инвестиции кои за власта на Заев се мисловна именка пошто ги нема скоро воопшто. И, за мене најважното од овој пакет, за секој млад вработен, помлад од 30 години, фирмата нема да плаќа персонален данок од 10% туку тие пари ќе одат како зголемена плата на младите! Е, ова е тоа што долго се чекаше. Економски најпотентниот и најскап кадар, младите до 30 години кои се и најшколувани, добиваат најмногу со новата власт.

Факт е, секоја реформа во Македонија е направена под власт на ВМРО ДПМНЕ.

Ај сега да погледнеме контра, на другата страна. Ако имаш помалку од 50 години, погледни во својата фамилија, нема семејство во кое барем еден не е жртва на мрачната транзиција на СДСМ, останал без работа откако СДСМ ги подарил фабриките и државните компании на неговите олигарси.

Рекоа, се смениле, со Заев дошле нови луѓе и ќе било поинаку. Ем не се нови, Шеќеринска од мрачната транзиција е втор човек во партијата, ем крадеа барем дупло повеќе од времето на Црвенкосвки и Бучковски. Ако аферата ТАТ со 100 милиони долари беше земјотрес од времето на Бранко, сега за овие тоа е рутина, редовен месечен промет. Па само измислената хеликоптерска услуга која државата треба да ја плати на нивни активист е 72 милиони евра, или 80 милиони долари. Клинички центар Скопје, од 70 кај нив поскапе на 550 милиони евра!

Да, разбирам дека има различни мислења, тоа е природно. Но, затоа фактите се исти за секого, а овие тешко дека можеш да ги игнорираш. Кога некоја власт ќе го започне владеењето со тоа што прв потпис ќе им биде ослободување на 700 тешки криминалци од затвор, а последен бегање од затвор на битен активист на нивен коалиционен партнер осуден за насилства со смртни последици на избори – секому е јасно дека подземјето е нивна партиска база и логистика на овој СДСМ. А ако сакаш за избори и владеење да користиш подземје и криминалци мораш да имаш под контрола полиција, обвинителство и судови кои работат онака како што пишува во фактурата на подземјето испратена за услугите до власта.

И погледни, кој работи на терен за СДСМ: Пуштените 700 криминалци од затвор и нивните соработници, нарко дилери до Грчец, Чаир или Арачиново, економски совет од корисници на тендери кои се делат со Фамилијата кој, задно, нема школо и поштен стаж колку ти и твоите дома што имате. Пола државни институции се по судови по тужби од компании заради раскинати договори кои се така наместени, и однапред планирани, да држвната институција загуби на суд, а потоа тужителот да го дели ќарот со Фамилијата.

Што имаш ти заедничко со овие, и вакви ликови за да им дадеш нова власт, нови тендери, нови милиони, нови мајбаси, јагуари, поршеа или јахти. Ќе те провозат ли барем еднаш во нив, ќе те викнат ли барем кафе да те частат од милионите што им ги овозможуваш или ќе му ја здуваат на Малдиви или некаде, во летна сенка, на Алпите. Ќе се сетат ли дека детето не ти е вработено, или ако си помлад дека сакаш равноправни конкурси за работа и фондови, сите да имаат иста шанса. Не!

Затоа, нема кој друг, ти можеш да ги смениш работите и не ја пропуштај можноста.

(10.02.2020)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата