Samsung Galaxy Z Flip ќе има многу долг екран

9.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung Galaxy Z Flip ќе има многу долг екран

Останаа само неколку дена до Unpacked настанот на Samsung, а сега се појавија фотографии кои во живо го прикажуваат флексибилниот телефон на јужнокорејската компанија.

Фотографиите јасно го прикажуваат Samsung Galaxy Z Flip во негова склопена и расклопена форма. Кога е уредот затворен, видливи се две камери и блиц, како и мал дисплеј покрај нив за приказ на времето и други известувања.

Кога ќе се отвори, телефонот има однос на страници 22:9, а дизајнот прикажува тесен, но долг екран. Бројот на модел на уредот е SM-F700U, а претходните протечени информации сугерираа 6,7-инчен 2636 x 1080p екран, Snapdragon 855 Plus чипсет, 8GB RAM и до 256GB простор за складирање.

Телефонот би требало да користи екстра тенко стакло наместо пластика за екранот. Повеќе детали за цената и достапноста на Galaxy Z Flip моделот ќе бидат познати во вторник.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата