Ова е ЛОРАНДИТ, причина зошто Македонија е интерес за ГОЛЕМИТЕ ВОЕНИ СИЛИ

9.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е ЛОРАНДИТ, причина зошто Македонија е интерес за ГОЛЕМИТЕ ВОЕНИ СИЛИ

Наоѓалиштето Алшар во Македонија по коешто земјава е позната во светските научни кругови, а долго време беше тајност за јавноста, доби државна заштита. Владата уште пред есетина години одлучи да изготви студија за природните вредности кои се наоѓаат на локалитетот Алшар, на планината Кожуф, и со тоа ги оживеа мистериозните приказни за реткиот минерал лорандит. Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.

Алшар е богат со разни минерали, а посебно со минералот лорандит. Тој претставува природен детектор на најситните честички на сонцето - неутрино, што значи дека единствено тој во експериментите во светските лаборатории може да ја препознае силината и моќта на реакциите на сонцето. Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено "вештачко сонце" кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии 

До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија, која во ерата на се поголема употреба на алтернативни извори на обновлива енергија е добредојдена, потсетува Лепикова. Студијата треба да ги стави под заштита и ретките видови на флора и фауна, како разни влекачи и диви темјанушки со големи димензии кои се раритетен вид, а ги има единствено на ова подрачје. Таа очекува по прогласувањето на овој локалитет за заштитено подрачје тој да биде обезбедуван од чуварски служби како што налагаат законите за заштита на природата.

Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше филм во кој фантазмагорично се прикажува моќта на минералот.

- Има неверојатни приказни за интересот на странските разузнавачки служби за Алшар. Тие сигурно ја знаат вредноста на тој минерал со чија помош може да се прават експерименти за истражување на вселената што е во интерес на нивните вселенски програми. Со употреба на минералот може да се регистрираат најстарите процеси во вселената а веројатно и испитување на процесот на радијација - изјави своевремено Станковски.

Тој вели дека интересот за реткиот природен елемент доаѓа и поради се позасилените истражувања на можностите на антиматеријата што се претпоставува дека се извршени во експерименатлните центри во светот.

МОЌТА НА МИНЕРАЛОТ ПРВ ЈА ОТКРИЛ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Преданијата за минералот Лорандит потекнуваат уште од времето на Александар Македонски, кој прв ја открил неговота моќ. Фалангата на Александар ги премачкувала своите штитови со лорандит.

Во битките кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што на штитовите на фалангата се наоѓало изгравирано познатото сонце од Вергина. Од таму можно е да потекнува и култот на Македонците кон Сонцето 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата