Турската хит серија “Истанбулската невеста“ која руши рекорди на гледаност во нашата земја, е снимена според вистински настан. Иако серијата започнува кога истанбулската невеста Суреја доаѓа во Истанбул и се мажи за познат богат Турски бизнисмен Фарук, почетокот на оваа приказна започнува многу порано. Името на вистинската Истанбулска невеста е Улку Уст (Ülkü Üst Sarpkan). Улку е родена во 1955 година, а Суреја не и било вистинското име, туку Улку Уст.

Улку Уст се запишала во средно училиште во Истанбул, но таа не можела да ја потисне својата страст кон музиката, па многу брзо го напушта училиштето и се зачленува во Музичкото здружение “Румели“ каде што зема часови од познати музички звезди. Таа мора да работи за да преживее, па се вработила како продавачка во една мала локална продавничка за облека.

Среќата и се насмевнува кога главниот солист на групата “Бели цветови“ се жени и ја напушта групата, па таа станува главен вокал и солист на групата. Тогаш започнува периодот кој го менува целиот нејзин живот. Концерти, турнеи и настапи.

Приказната за познатата “Истанбулска невеста“ започнува кога таа ќе го сретне младиот и згоден Аљем Шарпкан (Alijem Sarpkanom) кој потекнува од една од најбогатите и најпонзатите фамилии од Бурса кој дошол да ја слуша на нејзиниот концерт. Тој дури после пет години успеал да ја убеди да се омажи за него.

По стапувањето во брак со Аљем, нејзиниот живот драстично се менува и таа станува непосакувана снаа, од страна на целата фамилија на Аљем, а најповеќе од неговата мајка. Венчавката била како од бајките, но набрзо почнала драмата во нејзиниот живот. Сопругот и забранува да пее, а свекрвата купува две машини и отвара продавница за кроење, поради што таа ја завршува својата музичка кариера. Нејзината свекрва се разболува од тага што нејзиниот син се мажи за пејачка и набргу умира, исто како што се случува во серијата.

Уклу денес се занимава со мода. Има свој бутик за венчаници и свечени фустани. Со Аљем има две деца, иако во 2007 година одлучуваат да живеат одвоено после цели 25 години брак.

Извор: Република.мк

Најчитани вести