Се појави официјалниот постер за Galaxy S20 Ultra

8.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се појави официјалниот постер за Galaxy S20 Ultra

Се појави официјалниот постер за Samsung Galaxy S20 Ultra 5G, пред официјалната објава на телефонот, која ќе се одржи на 11. февруари. Постерот не открива нови детали за смартфонот, но ги потврдува претходно протечените информации.

Иако Samsung не објави детали за Galaxy S20 Ultra 5G моделот, од претходните протечени информации знаеме дека ќе има 5000mAh батерија и поддршка за 45W брзо полнење.

Galaxy S20 Ultra 5G нема да биде прв Samsung уред со поддршка за полнење со таа брзина, но ќе биде прв кој ќе се испорачува со потребниот полнач во пакетот. Дојавувачот Roland Quandt сугерира дека телефонот ќе се испорачува со 45W полнач, додека стандардните S20 и S20+ (4G и 5G модели) ќе пристигнат во пакет со 25W адаптери.

Трите Galaxy S20 модели ќе се испорачуваат и со AKG USB-C слушалки. Повеќе детали за карактеристиките на 5G верзиите на S20 телефоните ќе бидат достапни во текот на следната недела.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата