Погледнете во внатрешноста на Huawei Mate 30 Pro (ВИДЕО)

7.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Погледнете во внатрешноста на Huawei Mate 30 Pro (ВИДЕО)

Huawei Mate 30 Pro телефонот претставува одличен пример на врвнно достигнување во инженерингот на паметните телефони и е еден од најмоќните модели во овој момент. Доколку сакате да дознаете што се наоѓа во внатрешноста на овој модел, популарниот YouTubе канал JerryRigEverything одработи расклопување на телефонот во своето видео.

Интересно дека смартфонот има вкупно 22 штрафа, во три различни големини. Од друга страна, се во уредот е исклучително модуларно, што значи доколку една компонента се расипе, потребно е да се замени само неа, а не и сето останато за што е поврзана.

Покрај тоа, батеријата не е запечатена со лепак, што значи дека е разумно лесно да се замени. Единствен проблем може да претставува нешто покомпликуваното отстранување на стаклениот заден дел, доколку самите вршите поправки.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата