На состанокот Европскиот комесарот за надворешна политика и проширување Оливер Вархељи со српската премиерка Ана Брнабиќ и министрите дошло до до непријатна ситуација кога министерот за надворешни работи.Ивица Дачиќ вербално го нападнал гостинот, кој потоа го напуштил состанокот.
Дачиќ за време на состанокот земал збор и грубо му се обратил на Верхењи
- Беше многу непријатно. Му рече дека не знае каде дошол, дека молчи додека се одземаат српските манастири на Косово, молчи за таксите кои Приштина ги вовела на стока од Србија – вели извор кој присуствувал на состанокот.
Ана Брнабиќ, како и министрите во нејзината влада биле вчудоневидени, а потоа Верхењи го вклучил микрофонот и му се обратил на српскиот шеф за дипломатија.
- Јас сум единствен европски комесар кој реагираше на таксите, го осудив она што во Црна Гора се случува, Србија е прва земја во која дојдов после воведување на нова методологија и конечно дојдов оведе да ви помогнам – рекол европаратеникот. После тоа го исклучил микрофонот и заминал.
По тој инцидент Дачиќ е побаран од неколку медиуми да одговори дали и зошто го нападнал гостинот, тој одговорил дека не е нападнат еврокомесарот туку ЕУ.
- Ја нападнав ЕУ поради непочитување на Бриселскиот договор, воведување 35 поглавје за Косово, со што сега се зависи од тоа, поради тоа што молчат за случувањата во Црна Гора и што не се праведни – рекол Ивица.
- Ги слушавме и Оли Рен, и Штефан Филе и Јоханес Хан, но немаше никаков напредок – вели Дачиќ, додавајќи дека му рекол дека лично тој е пријател на Србија, како и неговата земја и дека му посакува среќа.
Исто така Дачиќ бил изнервиран со тоа што тема на комесарот не е само методологијата, туку и регионот, надворешната политика и други прашања. Дачиќ исто така негира дека Еврокомесарот го напуштил состанокот во Владата бидејќи бил вербално нападнат, наведувајќи дека има состанок со лидерите на опозицијата.
- Не е точно. Немаше никаков скандал нити прекинување на состанолот. Јас ги изнесов нашите забелешки на однесувањето на ЕУ околу Косово, Бриселскиот договор, Црна Гора, како и за спорното отворање на поглавјето. Впрочем тоа се прашања кои редовно ги поставувам кога доаѓаат странски официјални претставници. Воопшто никого не критикував, само ЕУ, а него му посакав успех – вели Дачиќ.