Саша Поповиќ го напушти Гранд после 22 години: Зборот на Карлеуша бил клучен! Ова никој не го очекувал

6.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саша Поповиќ го напушти Гранд после 22 години: Зборот на Карлеуша бил клучен! Ова никој не го очекувал

Саша Поповиќ после 22 години работа во “Гранд“, прв пат во сред сезона на снимање на емисија, решил да оди на одмор, и тоа на Малдиви. Повод е прослава на 24 години брак со Сузана Јовановиќ.

Имено Саша се согласил да ја исполни желбата на сопругата, со што сред сезона направил пауза и отпатувал на одмор, а водењето на емисијата ја препуштил на Војо Недељковиќ и Сања Кужет.

 

Бивш директор и акционер во “Гранд“, кој и понатаму е задолжен за емисијата “Ѕвездите на Гранд“ и “Ѕвездите на Гранд – специјал“, повеќе од 22 години немал ниеден изостанок, но се согласил да и ја исполни желбата на сопругата. На оваа негова одлука, покрај неговата сопруга влијаеле Лепа Брена и Јелена Карлеуша.

“Откако Брена се вратила од Малдиви, се видела со Поповиќ и им покажала слики и снимки од хотели, плажа и море... Сузана се одушевила, споменала дека и Карлеуша и покажала слики од Малдави, а потоа почнала да го убедува Сале да одат и тие. Тој и рекол дека работата не смее да трпи, и дека можат да патуваат во август, но му објасниле дека тоа не е сезона за на Малдиви, поради дождови, со што на крај се согласил.

Сузана се нервирала поради неговото здравје и му забележува што многу работи и често го советува да успори, особено што од минатата година е во пензија.

Изгледа лекцииите на Брена и Сузана вродиле плод, со што по неколку дена Саша ја изненадил сопругата кога и донел авионски карти и аранжмани за луксузен ризорт (место за одмор за рекреација, релаксација, забава за туристи) на Малдиви. И кажал дека тоа е подарок пред престојната годишнина на брак и дека била во право. Таму се неколку дена, ретко се јавуваат, само велат дека уживаат. Сузана е скромна жена и нејзе не и се битни Малдиви, повеќе и значи што успеала да го убеди и да одат заено на одмор во февруари, бидејќи за Сале сето тоа е мислена именка. Важна им е приватноста, па поради тоа Сузана не става слики на Инстаграм, кој летото и го отворила Карлеуша“, вели изворот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата