Веледрогерија Зегин падна под времена судска мерка, ЗЕТОТ Е КРИВ ЗА СЕ!

6.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Веледрогерија Зегин падна под времена судска мерка, ЗЕТОТ Е КРИВ ЗА СЕ!

Неизвесноста на иднината со аптеките и веледрогеријата Зегин останува. Јавен интерес е да се знае што се случува со 160 аптеки во државава и најголемата веледрогерија која снабдува со лекови безмалку секоја аптека во Македонија откако порталот Вечер објави дека дошло до деловни инциденти меѓу сопствениците и раководителите на веледрогеријата Зегин, аптеките, ќерките и внукот од сестра на Благој Механџиски и стварниот сопственик Благоја Механџиски Зегин кој нема формална сопственост над нив.

По законот со кој изрично од 2014 година беше забранета сопственичка, со тоа и семејна, поврзаност на сопственици на веледрогерии и аптеки, сопственикот и менаџерот на Зегин решил аптеките да ги даде во сопстевност на неговите ќерки а веледрогеријата на својот внук од сестра кој живее и работи во емсто близу Келн, во Германија. Благоја Механџиски Зегин, потоа, се посветил на нов бизнис – отварање аптеки во Србија.

Но работите не оделе како претходно додека скоро 30 години Благоја Зегин ја водел фирмата. Отпрвин, деловниот конфликт почнал внатре во семејството околу тоа кому колку припаѓа од уделите во аптеките при што амбиција за косопствеништво упорно покажувал и зетот на Благоја Зегин кој, на крај, останал без сопственост. Беговото постојано забележување и незадоволство било тешено и смирувано со пари, особено скапи автомобили, како Порше или Ауди РС7. Благоја Зегин, лут поради ваквото однесување, според изјави на вработени во Зегин решава на зетот да му забрани влез во дирекцијата на фирмата.

Некаде во октомври, ноември минатата година напнатоста кулминира. По серија инциденти ќерките решаваат, на своја рака, да го исфрлат Благоја Механџиски од бизинот со аптеките а внукот, во договор со нив, да го исфрли и од бизнисот со веледрогеријата. Ја селат целата фирма, опрема и луѓе од старата управна зграда па Благоја Зегин еден ден изненаден влегува во празни простории на фирмата која ја формирал и развивал, а потоа подарил на ќерките.

На Благоја Мехаџиски му станува јасно дека е изигран и отфрлен, оставен без имот и бизнис кој го развивал и создавал со децении, и успева да издејствува времена судска мерка со која барем на веледрогеријата во сопственост на неговиот внук од Германија се става забрана за располагање и отуѓување на имот и средства во конечна судска одлука. Процесот е во тек, и крајното решение е се уште далеку.

По првата објава на порталот Вечер се јави извесно лице, помлад адвокат, кој се претстави дека го застапува семејството Ханџиски и ултимативно побара повлекување на текстот и демант без со ниту еден збор да наведе што тоа демантира. Патем, не кажа кој дел од семејството Ханџиски го застапува бидејќи тие се во судски и секаков друг спор.

Тука, освен тоа, не може да стане збор за семејни информации што е нешто сосема друго, туку исклучиво за деловни информации од сензитивен јавен интерес за граѓаните кои користат услуги на аптеките Зегин и неколку стотици фирми кои соработуваат со веледрогеријата Зегин, а целиот тој систем заради судски спорови околу сопственоста и управувањето сега делува нестабилно и неизвесно.

Да му дадеме пример на младиот адвокат и неговата агресивна императивност. Во САД со месеци се пишува и опишува за љубовниот однос на сопственикот на Амазон, најбогатиот човек во светот Џеф Безос. По љубовната афра следи развод на Џеф Безос и поделба на имот и бизнисот кои се ценат на близу 1.000 милијарди долари помеѓу него и неговата сопруга, што е јавен и деловен интерес за милиони корисници на Амазон трговијата и акционерите. Но, некој треба да ги чита и знае работите, а не само да ги извршува туѓите желби и лекува туќите суети.

Очекуваме изјави и детали од ќерките на Благоја Механџиски Зегин и неговиот внук од Германија да го разјаснат проблемот, мотивите и деловната кондиција на фирмите Зегин за што интерес имаат и иљадници корисници на аптеките Зегин, како и деловните партнери на веледрогеријата. Ние продолжуваме со истражувањето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата