Актерот Лазар Ристовски си има мака - МОЛИ ЗА ПОМОШ (ФОТО)

6.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Актерот Лазар Ристовски си има мака - МОЛИ ЗА ПОМОШ (ФОТО)

Познатиот актер со македонско потекло Лазар Ристовски денес на својот личен Инстаграм профил се огласи со известување и молба до своите фанови дека е жртва на измама.

Ристовски, објави фотографија од друг профил на Инстаграм со неговото име и презиме, за кој што тој тврди дека е лажен и ги моли фановите да го пријават

„Ова не е мој профил. Ве молам пријавете го!“ напиша актерот молејќи за помош

Инаку актерот е роден во Равно село, покрај Врбас, а семејните корени му се во селото Гуѓаково во Мариово.

Во една прилика при посета на Македонија Ристовски изјави дека има убави спомени од селото кое го посетувал како мал, а желба му е некогаш и да сними филм Мариово, за кое што вели дека со оглед на актуелната ситуација тоа би било тажен филм.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата