ГАЗЕТО НА КАРЛЕУША ИЗГРМЕ: Еве што уште фативме зад сцената на MAC

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГАЗЕТО НА КАРЛЕУША ИЗГРМЕ: Еве што уште фативме зад сцената на MAC

Најголемата музичка манифестација во регионот MAC ги надмина сите очекувања! А гледачите во белградската Штарк арена и оние пред малите екрани имаа можност да уживаат во спектакл од буквално светски размери. Сценско-музичкиот настан на едно место ги собра најголемите музички ѕвезди од регионот, а, секако, најинтересно беше зад сцената каде познатите ги „уловивме“ во малку незгодни ситуации. 

Некому му се виде газето, некој времето го тепаше на својот паметен телефон, некој глумеше лудило и не сакаше да зборува со никого, а некој богами на себе имаше три броја поголеми чевли. 

Еве што фати Вечеровиот објектив. Се вели една фотографија илјада збора, затоа ќе ве оставиме приказната сами да си ја направите. Уживајте... 

 

Брена кога не е на сцена, на телефон е!

Сопственичката на хитот „Пиле моје“ се појави со руса перика, богами не е лоша

Тијана како права домаќинка со „флаша“ во рака им разбиваше трема на присутните...

Сале Тропико и Боби: Му спакува хит, па доживеа истиот да му е конкуренција за наградата

Нозе не болеле од еден број поголеми чевли, ама дали истото важи и за сандали. Сенида?!

Од вишок глава не болело, ама Сенидах не чула за ова, па се криеше со „ќебе“ цела вечер

Со награда или без Фрајле се среќни, а како и не би биле кога ги чека голема турнеја. Ни рекоа да се спремаме и Скопје било на мапатаДел од македонските претставници на MAC - Антонија, Иван, Лозано и Боби

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата