ВЕЧЕР ДОЗНАВА некои имиња од ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПОРНОГРАФСКАТА ГРУПА

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЕЧЕР ДОЗНАВА некои имиња од ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПОРНОГРАФСКАТА ГРУПА

Најновиот скандал на социјалните мрежи доаѓа од апликацијата „Телеграм“ каде што се споделуваат порнографски видеа и фотографии од девојки од Македонија, од кои дел се малолетни. По избивање на скандалот името на групата е променето од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“, бројот на членовите кои ги имаше близу 8.000 се намали, но фотографии и понатаму продолжуваат да се споделуваат.

Главното прашање засега е - кој стои зад оваа порнографска група?

Порталот Вечер успеа да спроведе истражување, контакти со некои учесници во групата и нивни пријатели, и да дојде до некои од организаторите, односно модераторите/администраторите на ова порногрфска социјална група. Од досега осознаеното модератор на групата е лице М.П, според нашите извори тој е од Ѓорче Петров во Скопје и не е малолетник, иако во групата организатори има и малолетни лица.

Учесници и корисници на оваа порнографска група во која се објавувани и сексуални видеа и фотографии на девијки меѓу кои има и малолетни се од различни возрасти и професии, а меѓу нив има и бизнисмени и јавни личности. Спорот законот ваквите дејствија создавање и ширење порнографија се казниви со казна од 5 години но, очигледно тоа не ги спречило околу 8.000 лица да учествуваат. Засега е непознат мотивот и начинот како се случило девојките кои се прикажувани во видеата и фотографиите да се согласат на тоа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата