Фудбалска рапсодија во изведба на Аталанта. Страшно издание на тимот од Бергамо, кој просто блеска оваа сезона, како во Серија А така и во ЛШ.

Вечерва среде Торино, Аталанта со 7:0 го победи домашниот состав. Ревија на прекрасни голови, посебно оној на Јосип Иличиќ во 53. минута кога од пола терен од слободен удар го погоди голот на домашните. Минута подоцна даде уште еден, првиот погодок Словенецот го даде во 17.минута за 1:0.

Супер гол-постигна и Госенс во 29.минута. Останатите сррелци за Аталанта беа Запата во 45. минута од пенал и Мјуриел во 86. од пенал и во 88. минута за конечни 7:0. Екипата на Торино мечот го заврши со двајца играчи помалку, црвени картони добија Изо и Лукиќ.