Војдан Стојановски за жал не успеа да запише победа на првиот меч во дресот на Гравелин Данкерк. Новиот тим на капитенот на македонската репрезентација на домашен терен беше поразен од Дижон со 80-88 во меч од 20. коло во францускиот шампионат.

Гравелин Данкерк имаше добри моменти, но во последната четвртина не успеа да го задржи ритамот.

Стојановски во своето деби запиша шест поени (0/5 за три, 3/6 за два поени) и три скока за нецели 19. минути во игра.

Ненад Димитријевиќ пропушти нов меч во дресот на Хувентус. Македонскиот репрезентативец поради повреда на листот го скокна натпреварот од Еврокупот против Тофаш, а вечерва не е во составот и против Сарагоса.