Ресенчанец остана без покрив на глава, од Центарот за социјална работа МУ ДАЛЕ ПОМОШ ОД САМО 4.500 ДЕНАРИ (ВИДЕО)

25.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ресенчанец остана без покрив на глава, од Центарот за социјална работа МУ ДАЛЕ ПОМОШ ОД САМО 4.500 ДЕНАРИ (ВИДЕО)

Луѓе и судбини. Горчливата судбина си поигра со 58-годишниот ресенчанец Владо Пупулковски, некогашен текстилен работник во “Преспатекс“. Тој нема семејство и како осаменик што живее само со социјална помош од 4. 000 денари, доживеа да остане и без покрив над главата , откако се урна кровот на неговата куќа во центарот на Ресен, некогашна палата наспроти Сарајот. Сега е прибран во една шупа на соседите, без струја, вода и греење.

– Живеам од социјална помош од 4. 000 денари и со помош на комшиите. Мрзнам што да правам. Куќата падна, ете самите гледате, изгледа од земјодетресот, нешто се случи и падна. Сега нема, до вчера спиев внатре и опасно е. Благодарение на комшиите, ме прибраа овдека- со солзи раскажуваше Влчадимир Пупулковски, пред камерата на Алфа телевизија.

Комшиите помагаат колку што можат, но тоа е премалку, зашто и тие се сиромаси.

– Го примивме во нашата стара куќа и нема никакви елементарни услови за живот. Моментлно престојува, а нема струја, нема вода, нема ништо. Јас сум самохран родител, повеќе не можам да му помогнам- рече КИлементина Величковска.

– Така е, онака како што го гледаш, сиромав, нема никој, нема ништо – рече соседот Митко Беличовски.

– Човекот е на голема сиромаштија. Некни кога беа тие дождовите и земјотресите во Албанија, куќата падна и сега нема каде да оди. Едно социјално има, а ние да му поможиме, ама колку кога и ние сме сиромаси – рече соседот Никола Соколовски.

Во Центарот за социјална работа велат дека според параграфите на законот, му дале еднократна парична помош од 4.500 денари , а од Општината велат дека треба да достави барање , со ветување дека ќе му се додели помош. Тој, очекува да се организира донаторска акција и шупата во дворот да се закрпи и приспособи за да има каде да се прибери, со надеж дека наместо скромната социјална помош, ќе добие стечајна надокнада.

Извор: Алфа

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата