Тајландската полиција беше приморана јавно да се извинува откако на аукција продаде автомобил во кој имаше десетици илјади таблети амфетамин.
Купувачот плати 586,000 бахти (19,000 американски долари) за автомобилот Хонда кој беше продаден на аукцијата откако минатата година беше запленет во случај поврзан со дрога.
Кога клиентот го однел автомобилот на сервисер, автомеханичарот пронашол 96.000 таблети скриени во браникот.
Официјалните лица велат дека во иднина ќе ги пребаруваат запленетите возила потемелно.
„Според протоколот, ние го бараме секое возило што го примаме и тоа не беше исклучок. Овој пат, сепак, не можевме да најдеме ништо навреме, можеби затоа што апчињата беа добро скриени", рече Нијом Термирисук, генерален секретар на Кабинетот на контролниот одбор за наркотици .
Кога минатата година беше запленет автомобилот во северната провинција Чианг Раи, на задното седиште биле пронајдени 100.000 илјади вакви таблети.
Термирисук рече дека новооткриените таблети ќе бидат додадени на случајот и дека новиот сопственик на автомобили и автомеханичарот ќе бидат наградени за нивната соработка.
Јаба на таи значи „луд лек“ и обично се шверцува во Мјанмар и се продава во форма на ефтини црвени и розови таблети.
Во 2018 година, тајландските власти заплениле 516 милиони таблети.