СЕКА ИЗЛЕЗЕ ОД ПОРОДИЛНО: Еве на кого личи синот Јован, а откри и каде ќе завршат подароците (ФОТО)

25.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕКА ИЗЛЕЗЕ ОД ПОРОДИЛНО: Еве на кого личи синот Јован, а откри и каде ќе завршат подароците (ФОТО)

Сека Алексиќ, денес придружувана од сопругот Вељко Пиљикиќ, излезе од породилното одделение, носејќи огромен букет цвеќиња и балони во рацете.

Пејачката изјави дека е среќна исто како кога првиот пат се породи и го донесе својот син Јаков на овој свет.

„Синот е ист  како татко му, тој личи на Јаков, а Јаков е истиот како Вељко. Се надевам дека ќе се промени вели Сека низ смеа и додава:

Не можам да чекам да си одам дома за да го видам син ми, како ќе реагира, таа прва средба со неговиот брат.Јас сум личност која е навикната да прави сè, да се бори, се разбира имам поддршка од сопругот и секако дека има и помош. Сега ќе одморам малку, па ќе влезам во студиото за да го снимам албумот, кој ќе излезе во април. Што се однесува до подароците што ги добив, знаете дека и првиот пат го дадов она што на моите деца не им требаше, и сега ќе им го дадам на жени на кои им е потребно", рече Сека, па откри како реагирал Јаков кога дознал дека доаѓа бебето:

„Неговата реакција беше океј, тој не кажа ништо или направи спектакуларна работа. Така, ќе видиме што сега ќе се случува. Само Господ да дава здравје, тоа е најважно“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата