(Видео) Страшна инвазија на скакулци во Африка, надлежните стравуваат дека ќе донесат глад за населението

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Страшна инвазија на скакулци во Африка, надлежните стравуваат дека ќе донесат глад за населението

Земјите од Источна Африка се борат со инвазијата на пустините скакулци кои стануваат закана за прехраната на населението, соопшти во петокот работната група на меѓународни организации кои се бават со безбедноста на храната (FSNWG).

Инвазијата, за која Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) вели дека е најлоша во последните 25 години, може да доведе до ширење на глад ако не биде итно спречена.

Регионот на Источна Африка, кој е исцрпен од суши, поплави и конфликти, веќе доживува високи нивоа на недостаток од храна, па така 19 милиони луѓе се на работ на глад.

Инвазијата на скакулци кои летаат во огромни роеви значително ќе ја влоши ситуацијата, соопшти FSNWG.

Пустинскиот скакулец е еден од најопасните номадски инсекти во светот, а рој од еден квадратен километар може да изеде храна со која би се прехраниле 35.000 за еден ден, предупреди Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош (ОХА).

ФАО проценува дека еден рој од 2.400 квадратни километри во Кенија може да содржи над 200 милијарди скакулци, од кои секој во текот на денот јаде храна колку својата големина (два грама), што на крајот изнесува 400.000 тони храна секој ден.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата