Од македонското министерство за надворешни работи засега нема никаква информација во врска со катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,8 по Рихтер го погоди источниот дел на Турција. Засега нема информации за повредени и загинати македонски државјани.

Досега бројот на повредени луѓе се искачи на 84. Евидентирани се 14 загинати, јавува Индепендент.

По силниот земјотрес кој вечерва ја погоди Турција, страшни сцени доаѓаат од градот Елазиг, каде досега се регистрирани четири жртви.

Силниот земјотрес од 6.8 степени освен уривање на многу згради предизвика и пожари.

Како што може да се види едно од видеата поставени на социјалните мрежи, голем пожар зафати една зграда во овој град.

Од друга страна, спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да ги спасат луѓето под урнатините.

Досега бројот на повредени луѓе се искачи на 84.

 

Најчитани вести