СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,8 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА: Се рушеа згради, хаос по улиците (ВИДЕО)

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,8 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА: Се рушеа згради, хаос по улиците (ВИДЕО)

Силен  земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди источниот дел на Турција, при што загина едно лице додека се повредени двајца. Епицентарот се наоѓа на околу 210 километри северо-источно од Газиантеп, на длабочина од 2 километри.

Провинцијата Елазиг е најтешко погодена. Земјотресот беше почувствуван и во Ирак, Сирија, Израел и Либан.

Уништени се околу 5 згради на истокот на земјата. Многу граѓани панично излегоа на улиците.

По првиот земјотрес, се почувствуваа и двајцата послаби, 5,4 и 3,3 степени на интензитет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата