Милошоски и честиташе на Дескоска избор во Венецијанската Комисија СО ИНТЕРЕСНА СЛИКА

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милошоски и честиташе на Дескоска избор во Венецијанската Комисија СО ИНТЕРЕСНА СЛИКА

Во врска со предлог законот за Јавно обвинителство од 12.Дек.20 ја искористивме денешната средба со министерката Дескоска за:

1. Да и ја честитаме самономинацијата и изборот во Венецијанската Комисија.

2. Да го поздравиме поширокиот формат на преговори во Собранието, како и предлог законот кој е солидна основа за преговори за подобрување на текстот.

3. Да предложиме организирање што поскора јавна расправа за овој закон со присуство на стручната јавност од оваа област, што беше прифатено од сите.

4. Побаравме присуство на, од собранието избраниот, државен обвинител Љ. Јовески, кој на 27.Дек 2019та упати силна критика за ваквиот предлог закон дека „она што е неопходно е носење на нов Закон за обвинителство, но ќе подвлечам квалитетен и издржан закон, а не решенија кои ќе бидат резултат на дневно-политички договарања. Подобро да не се донесе закон, отколку да се изгласа закон со вакви решенија“ (цитат). Сметаме дека Јовески како клучен претставник на јавното обвинителство не треба да биде заобиколен на вакви пошироки работни средби кои се однесуваат на Законот за институцијата Јавно обвинителство. За жал оваа иницијатива беше одбиена од министерката Дескоска.

Остануваме на располагање за продолжување на дијалогот за Законот за јавно обвинителство во присуство на државниот обвинител Јовески и министерката Дескоска!, пишува пратеникот Антонио Милошоски на ФБ, честитајќи и на Дескоска со интересна слика.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата