Официјални фотографии и цени од Samsung Galaxy S20 линијата

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјални фотографии и цени од Samsung Galaxy S20 линијата

Како што се приближуваме до официјалната објава на Samsung Galaxy S20 линијата смартфони, се појавуваат се повеќе детали за уредите. Најновите информации кои ги имаме се однесуваат на официјалните рендери и европските цени на трите претстојни Galaxy S20 модели.

Протечените фотографии ни даваат јасен увид во изгледот на трите уреди, како и во кои бои можат да се очекуваат. Главниот модел во линијата ќе биде Galaxy S20 Ultra 5G, кој би требало да биде достапен во Cosmic Grey и Cosmic Black варијанти. Моделот со 128GB простор за складирање би требало да чини 1349 евра, додека варијантата од 512GB ќе има цена од 1549 евра.

Моделот кој ќе се најде во средина на новата понуда на Samsung е Galaxy S20+ 5G, а ќе биде достапен во три бои – Cosmic Black, Cosmic Grey и Cloud Blue. Интересно е дека извештаите сугерираат дека S20 и S20+ ќе бидат понудени само со една опција за складирање – во варијанта од 128GB. Очекуваната цена за Galaxy S20+ 5G изнесува 1099 евра.

На крајот, најдостапниот модел од линијата е Galaxy S20 и ќе биде понуден во Cosmic Grey, Cloud Blue и Cloud Pink боите. Се сугерира дека 4G верзијата ќе чини 899 евра, додека 5G варијантата ќе има цена од 999 евра. Двете цени се за моделите со 128 GB.

Потребно е да се истакне дека споменатите цени би можеле да се променат до моментот на објава на телефоните на пазарот, а исто така би можеле да варираат во зависност од одредениот пазар, засновано на таксите и другите давачки.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата