Астон Вила го привлече 16-годишниот талентиран фудбалер Луи Бари кој доаѓа од редовите на Барселона. Сумата која клубот од Бирмингем ја плати на „каталонскиот клуб“ е 3 милиони фунти.

Тинејџерите е сметан за еден од најголемите таленти на Островот. Интересно е нешто друго. Во јуни 2019 година Бари го напушти ВБА во насока на Барселона, а само шест месеци подоцна доаѓа во редовите на големиот градски ривал Астон Вила.

Според информациите од Англија „виновник“ за овој трансфер е поранешниот шеф на младинската академија на ВБА Марк Херисон. Тој го оценил Бери дека не е вреден за да се задржи, поради што е пуштен во академијата на Барселона. Во меѓувреме Херисон станува шеф на младинската академија на Астон Вила, а сега си го врати Бери на „Вила парк“. Си го врати фудбалерот за кои викаше дека нема квалитет за да направи голем скок напред.

А луѓето од ВБА полудеа после овој трансфер затоа што сметаат дека се работи за измама. ВБА не добила ни цент од оваа зделка.