НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ОД ТРАГЕДИЈАТА: Марина менувала работни места ЗА ДА ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦАЕЦОТ ПАВЛЕ

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ОД ТРАГЕДИЈАТА: Марина менувала работни места ЗА ДА ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦАЕЦОТ ПАВЛЕ

Ден по трагедијата што се случи на Воениот пат кај аеродромот Батајница, каде Павле Р. се разнесе себеси и Марина П. со рачна граната, голем број пријатели и роднини се собраа пред семејниот дом на несреќна девојка во Нова Пазова за да искажат сочувство.

Семејството и пријателите чекаат да го донесат сандакот со телото на несреќната девојка.

Како што неофицијално се дознава од познаник на Марина Петковиќ, таа работела во градинка во Стара Пазова неколку години, каде, наводно, се запознала со Павле, чии деца ја посетувале. Според нив, за децата доаѓале и таткото и мајката, во зависност кој можел заради обврските. После долгогодишно работење во градинка во Стара Пазова, во септември 2019 година Марина ненадејно ја напуштила таа градинка.

Неофицијално, таа добила работа тво родниот град во локална градинка каде што останала четири месеци. Бидејќи нејзините познаници се сомневаат, таа се иселила од Стара Пазова за да не го гледа  повторно Павле. Пред помалку од еден месец, Марина повторно променила работно место и се вработила во близина на семејниот дом.

Според родителите кои ги носеле децата таму, таа максимално професионално си ја вршела работата и никој досега нема поплаки. Исто така никој досега не ја видел во друштво на Павле.

Наводно, Марина го напуштила своето долгогодишно момче заради Павле, но тој не сакал да се разведе од жената заради неа. На несреќниот ден тој ја однесол Марина на стариот Воен пат, каде ретко кој поминува и во налет на растројство активирал рачна бомба и двајцата загинале.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата