ГРЕОТА: Се самозапали 40 годишен маж во Кочани (ФОТО)

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГРЕОТА: Се самозапали 40 годишен маж во Кочани (ФОТО)

Во Трговскиот центар во Кочани денеска околу пладне се самозапали маж на 40- годишна возраст. Според информации од очевидци, лицето се полеало со бензин по што извадило запалка и се запалило.

Минувачи и граѓани веднаш се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот, употребувајќи противпожарни апарати од соседните дуќани.

Повикани биле и екипи од Територијалната противпожарна единица и од Итната медицинска помош, по што лицето е однесено во Општата болница во Кочани. Од Болницата потврдија дека повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата