ХРВАТСКА ВО ЖАЛОСТ! Почина легендарниот фудбалер кој го водеше Динамо до ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ТРОФЕЈ (ВИДЕО)

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХРВАТСКА ВО ЖАЛОСТ! Почина легендарниот фудбалер кој го водеше Динамо до ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ТРОФЕЈ (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб., Златко Месиќ, член на славната генерација на „модрите“ од 1967 година, почина на 74 годипна возраст во Загреб. Важеше за „добриот дух“ во клупската соблекувална и играше како коректор во средниот ред на најтрофејниот хрватски фудбалски клуб.

Се впиша во историјата на тимот од „Максимир“ како стрелец на неколку важни голови, меѓу кои и против Јувентус во четврт-финалето на Купот на саемски градови во 1967 година.

Месиќ е роден во Загреб на 13 април во 1946 година. Фудбалските почетоци ги направи во Динамо во 190 година и во клубот се задржа до 1968 година. По кратката епизода во Кроација од Торонто, се врати меѓу „модрите“, а подоцна играше и за Загреб, Јадран од Пореч и Ровињ

Покрај Купот на саемски градови во 1967 година, Месиќ со Динамо Загреб триумфира и во Купот на поранешна Југославија во 1965 година.

На Максимир секогаш ќе се памети неговата изјава: „Знаето што, во Динамо е голема работа да играш и како резерва“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата