Мајката на исчезнатата Марија: Таа е семејна жена, НИКОГАШ НЕ БИ ГО НАПУШТИЛА ДЕТЕТО

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајката на исчезнатата Марија: Таа е семејна жена, НИКОГАШ НЕ БИ ГО НАПУШТИЛА ДЕТЕТО

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова,  Валентина вели дека со нејзината ќерка никогаш не се случило вакво нешто и оти таа била семејна жена, сопруга и мајка.

-Три дена не знаеме ништо. Кога излегла од дома била облечена во тренерки во темна боја, не знаеме дали на нозете имала патики или пак влечки. Сите документи и се дома, го оставила и мобилниот телефон. Марија има костенлива долга коса, висока е околу 160 сантиметри, средна градба… Таа е фамилијарна личност, никогаш не би го оставила детето, сите сме вознемирени. Ја замолуваме јавноста, доколку било кој ја забележи, веднаш да не извести или пак да се јави во полиција. Случајот го пријавивме и во полицијата, молиме за помош – вели мајката за Фокус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата