Николовски: За СДСМ е добро да им дадевме не техничка, туку цела Влада со сe министри и заменици

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николовски: За СДСМ е добро да им дадевме не техничка, туку цела Влада со сe министри и заменици

“За  СДСМ е добро да им дадевме не техничка, туку цела Влада со сe министри и заменици во секое министерство.

За општеството e добро што за неколку дена власт ги потсетија граѓаните на тоа дека се истите и непроменети груевистички кадри и го освежија сеќавањето на режимскиот стил на владеење со ароганција, страв, притисоци, закани, уцени, насилство, снимање, тепање и многу лаги и манипулации.

Кадрите на ова нереформирано дпмне заборавија дека тоа време заврши.

Но, за државата е добро го продолжуваме демократскиот пат на слобода, сигурност и извесна иднина за генерациите во земја ослободена од режим, со решени проблеми, засекогаш безбедна и членка на НАТО, со трасиран пат во ЕУ и со политики за грижа и помош за секој“- е реакцијата на ген-секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по објавената снимка од работните простории на МЗШВ во Берово каде заменик министерот од редовите на ВМРО ДПМНЕ изврши контрола со снимање на вработените.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата