Трипуновски одговори: Земјоделците се ПОЖАЛИЈА за нехуманоста на локалните функционери. ЈАВЕН ИНТЕРЕС Е ОВАА СНИМКА

17.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трипуновски одговори: Земјоделците се ПОЖАЛИЈА за нехуманоста на локалните функционери. ЈАВЕН ИНТЕРЕС Е ОВАА СНИМКА

Се огласи Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, откако од медиумите блиски до власта му беше укажано дека наводно го прекршил законот за лични податоци.

- Гледам многу нервоза и хистерија на Бихаќка! Па како и нема да има кога нивните функционери се фатени за време на работно време со нозете во вис! Дел од моите работни активности како министер е и контролата врз вработените и работните простории. Жалење за нехуманиот однос на локалните функционери кон земјоделците, добив од фармерите. И тоа што ми го кажаа и го воочив и сам, а камерата го документираше. Ниту е прекршен Законот за заштита на лични податоци, ниту е извршен мобинг! Јавен интерес е оваа снимка да биде објавена. Земјоделците ќе ги заштитам секогаш и секаде. Ниту пак мобинг е извршен бидејќи мобинг е тоа што го прави СДСМ и нивните функционери со илјадници земјоделци секојдневно го прават, ги омаловажуваат и не им даваат субвенции и по неколку години.
Трајане, јас ќе бидам со земјоделците без разлика кој што ќе каже. Јас сум заштитник на обичниот граѓанин и земјоделец и сум горд на тоа.
Бидете спремни на многу вакви контроли. Затоа што тој што не работи се жали, тој што работи ќе биде награден, пишува Трипуновски на ФБ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата