Деветнаесегодишната Екатерина, која неодамна ја продала својата невиност за 1,2 милиони евра преку популарната интернет страница „Синдарела Ескорт“, прозборе за причините зошто го направила тоа.

На страницата се појавила под името Катја, а потеклото и` е од североисточна Украина, иако моментално живее во САД. Дека е невина потврдил и доктор, а за невиноста побарала најмалку 100.000 евра.

Оваа недела е објавено дека нејзината невиност ја купил бизнисмен од Минхен. Другата најголема понуда изнесувала еден милион евра, а дошла од њујоршки адвокат. Пејач од Токио нудел 800.000 евра. Имињата на понудувачите и деталите за нив ќе останат тајна.

Парите што ќе ги добие Екатерина планира да ги потроши на патувања, луксуз и живот. Мажот кој ја купи нејзината невиност, изјавил дека е подготвен да се ожени со неа и финансиски да ја поддржува со 8.500 евра месечно.

За воопшто да ја понудат својата невиност на продажба, девојките треба со доктор да докажат дека се невини. А мажите за да учествуваат во акцијата, мораат да докажат дека на сметка имаат најмалку 10 милиони евра. Сите кои сакаат да се натпреваруваат за одредена девојка мораат да приложат 10 отсто минимален износ како аконтација.

извор: Makfax

Најчитани вести