Марко Алчевски денеска стави потпис на својот прв професионален договор. Марко на 15 годишна возраст се приклучи на младинските категории на Академија Пандев, а веќе на 17 години го потпишува и својот професионален договор.

Тој веќе има и неколку настапи за сениорскиот тим, а по оперативниот зафат на лигаментите на коленото, повреда заработена на реванш натпреварот против Зрињски во квалификациите за ЛЕ, овој договор ќе му биде уште поголема мотивација за брзо враќање помеѓу стативите. Марко е репрезентативец на Македонија во селекциите У18 и У19.