Русија доби нов премиер

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија.

Мишустин вети дека ќе се фокусира на социјалните прашања и ќе се заложи да го подобри животниот стандард на граѓаните, пренесе агенцијата „Тасс“.

„Ги имаме сите ресурси што ни се потребни за да ги исполниме целите поставени од претседателот Владимир Путин“, рече Мишустин во Думата.

Тој ќе го наследи Дмитриј Медведев, кој беше руски премиер веќе осум години, а кој си поднесе оставка откако Путин вчера предложи измени во Уставот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата