Новак Ѓоковиќ има поволна ждрепка на Аустралија опен во Мелбурн кој ќе се одржи од 20 јануари до 2 февруари. Тој по својата осма титула на овој Грендслем турнир, и во својата одбрана на титулата од лани, тргнува против Германецот Штруф. Потоа го чека дуел најверојатно со Такума Ито, додека во третото коло ќе мора со победникот од дуелот меѓу Ѓере и Еванс. Првите проблеми за Ноле може да дојдат во четвртфиналето кога е проектиран интересен меч со Циципас. Роџер Федерер е во истиот костур на ждрепката со Србинот, и тоа е веројатниот дуел во полуфиналето. Додека ако се биде како што треба, големото финале ќе биде меѓу Надал и Ѓоковиќ или уште едно тениско класико, меѓу Рафа и Роџер.