Четврт ден ПРОТЕСТИ НА ПАЗАРЏИИТЕ - блокиран булеварот Св. „Кирил и Методиј“

16.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четврт ден ПРОТЕСТИ НА ПАЗАРЏИИТЕ - блокиран булеварот Св. „Кирил и Методиј“

Група од околу 40 трговци од Зелениот пазар изутринава повторно го блокираше булеварот Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје, изразувајќи револт од покачувањето на цената за паркирање во централниот дел од градот.

Трговците оценуваат дека поскапиот паркинг ќе им го намали и онака нискиот промет од потрошувачите.

Ставот на е дека ПОЦ се става крај на неправилностите кои се случуваа години наназад и ќе направи ред во паркирањето давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на паркиралиштето „Аутомакедонија“ коишто заради сите овие злоупотреби не можат да го користат паркиралиштето во близина на своите домови бидејќи секојдневно се соочуваат со неподнослив проблем со паркирањето

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ вчера изјави дека од општината се спремни за разговор за да направат евентуални компромиси, но цената нема да се намали, бидејќи паркингот се злоупотребува од диви продавачи.Според него треба да се слушнат и граѓаните кои живеат таму, затоа со ова смета дека се воведува ред. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата