Во Москва се уште не настапила вистинската зима зашто руското Министерство за надворешни работи се обидува да го сочува топлото време поради доаѓањето на новиот амбасадор на САД, Џон Саливан, кој би требало да ја преземе фукнцијата на 16 јануари, соопшти рускиот надворешнополитички сектор, а пренесе „Спутник“.

„Саливан се поготвува за преселба во Москва, а Русија одамна го чека. Специјално за него ги чуваме временските услови како во Вашингтон! Интересно е да се види дали Саливан ќе го следи примерот на Џон Ханстман и ќе се нурне во руската реалност. Русија чека, господине Саливан. Нурнете се длабоко!“, објави Министерството на својот профил на „Телеграм“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше Саливан за амбасадор на САД во Русија на 11 октомври минатата година.

Претходен амбасадор на САД во Русија беше Џон Хантсман. Тој е особено познат во јавноста по тоа што на Водици се капеше во ледена вода за да се натпреварува со рускиот претседател, Владимир Путин.

Хантсман се капеше во ледената вода во Новоерусалимскиот машки манастир во близина на Москва, а, како што рече, тоа му овозможило поблиску да се запознае со руската култура.

„Додека влегувате во толку студена вода, губите контрола над мускулите и над респираторниот систем. Сакав трипати да се нурнам зашто токму така прави и Путин,“ изјавил тој.

извор: Makfax

Најчитани вести