Грција: Побрзо спроведување на миграциската политика

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција: Побрзо спроведување на миграциската политика

Грчката влада соопшти дека отсега побрзо ќе ја спроведува миграциската политика и ќе се занимава со новоформираното Министерство за миграција и азил.

Владата избрана во јули објави дека планира да ги затвори претрупаните бегалски кампови на островите и да ги премести во порестриктивни центри за прифаќање лоцирани главно на копното, а најавено е и присуство на поголем број гранични полицајци, пренесува „Ројтерс“.

„Она што ни треба е побрзо спроведување на овие планови“, рече владиниот портпарол Стелиос Петсас.

Досега со миграциските прашања се занимаваше одделот на Министерството за цивилна заштита, а за нов министер е назначен новиот министер за труд и социјална политика, Нотис Митарачи, кој попладнево ќе положи заклетва пред Собранието.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата