Академија Пандев го промовираше играчот од средниот ред Бојан Најденов за засилување во своите редови. 28-годишниот Најденов дојде како слободен играч, а последно играше во албанскиот тим Љачи.

Спортмедиа уште на 6. јануари го најави Најденов како ново засилување во своите редови.

Најденов во минатото играше и за Хоризонт Турново, Работнички, Естегал.