Британскиот амбасадор го напушти Иран

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британскиот амбасадор го напушти Иран

Иранските државни медиуми пренесуваат дека британскиот амбасадор во Иран, Роберт Макер, ја напуштил земјата откако претходно беше кратко уапсен во Техеран.

Иранската државна новинска агенција ИРНА пишува дека Макер информирал дека ќе замине.

Макер беше приведен по бдеењето за жртвите од трагедијата на урнатиот украински авион. Бдеењето потоа се претвори во протест, а Макер замина, но беше приведен.

Тој подоцна негираше дека учествувал во демонстрациите.

Како што додаде во пораката напишана на англиски и на персиски јазик, тој го напуштил тоа место по пет минути кога некои почнале да викаат пароли против властите.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран потврди дека иранските власти накратко го привеле британскот амбасадор Роб Макер како странец осомничен дека учествувал во „нелегален митинг“, наведувајќи дека амбасадорот е ослободен веднаш по потврдувањето на неговиот идентитет.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата