Турските системи С-400 ќе станат целосно оперативни до мај

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турските системи С-400 ќе станат целосно оперативни до мај

Голем број турски медиуми објавија денеска, повикувајќи се на министерот за одбрана, Хулуси Акар, дека системите „С-400“, кои Русија ги достави во Турција минатата година, ќе станат целосно оперативни во април или мај оваа година, пренесува „Спутник“.

„Обуката на персоналот за системите ‘С-400’, како и распоредувањето на системите се одвива како што беше планирано. Тие ќе станат оперативни во април или мај“, рече Хулуси Акар, цитиран од „Туркије“.

Русија и Турција потпишаа договор вреден 2,5 милијарди американски долари за испорака на четири системи „С-400“ во декември 2017 година. Испораката на сите компоненти на ракетните системи за противвоздушна одбрана „С-400“ на Турција беше завршена минатата година.

Сепак, Турција се соочи со критики од САД кои велат дека системите се некомпатибилни со безбедносните стандарди на НАТО. Анкара тврди дека системите „С-400“ нема да претставуваат закана за алијансата и се спротивстави на американскиот притисок да ги откаже порачките.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата