Елитниот англиски тим Вотфорд се засили со аргентинскиот фудбалер Игнасио Пусето кој доаѓа од италијанскиот Удинезе за 8 милиони евра. Се работи за 24-годишен крилен фудбалер кој може да игра и како напаѓач, а стави потпис на договор на четири и пол сезони.

Јужноамериканецот запиша 14 натпревари со 1 гол во Серија А во првиот дел од оваа сезона.  Пред Удинезе две сезони помина во аргентински Хуракан, а пред тоа три сезони во Атлетико Рафаела.