(Видео) Почина сиромашна студентка во Кина што јадела само ориз и тежела 21 килограм

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Почина сиромашна студентка во Кина што јадела само ориз и тежела 21 килограм

Во југозападна Кина почина сиромашна студентка која не можела да си дозволи соодветна исхрана поради нејзината финансиска состојба.

Ву Хуајан (24) починала во болницата на Медицинскиот универзитет Гуижоу во градот Тонгрен, потврдил портпаролот на болницата за Си-ен-ен, но одбил да ја каже причината за нејзината смрт.

Кога била примена во болницата, студентката била висока 135 сантиметри и тежела само 21,6 килограми. Нејзините родители починале, а таа живеела со нејзиниот помал брат, со социјална помош од 300 јуани (35 евра) месечно.

Со оглед на тоа што нејзиниот брат имал ментално заболување, Ву живеела крајно штедливо за да може да продолжи да се грижи за него.

Лекарите рекле дека таа има сериозно оштетување на срцето и дека операцијата чини повеќе од 200.000 јуани (околу 26.000 евра). Нејзината приказна излегла во јавноста и добротворна организација со седиште во Пекинг започнала кампања за собирање средства за потребната операција.

И покрај донациите, нејзиното здравје се влошило и таа починала. Нејзината смрт предизвика бес на кинеските социјални мрежи, каде што многумина се прашуваат зошто не е сторено повеќе за да се спаси студентката.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата