Оливие Жиру во текот на овој викенд ќе пристигне во Милано за да ги мине лекарските прегледи во екипата на Интер. Како што објави „Скај Спорт Италија“, Челси ја прифатил понудата на Интер во висина од 4,5 милиони евра плус 1 милион евра бонуси за заминување на Французинот.

Напаѓачот е во последните шест месеци од договорот на „Стемфорд Бриџ“ и оствари само седум настапи досега оваа сезона, постигнувајќи еден гол.

Според експертот за трансфери на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио, двата клуба си подале рака.

Жиру исто така се договорил со Интер за личните услови од договор кој ќе има важност до јуни 2022 година.